Милан ќе сака што побргу да ја заборави актуелната сезона и раководството се надева на брз пресврт, кој ќе биде инициран со нов спортски директор и тренер.
Серџо Консеисао дефинитивно нема да ги води „росонерите“ следната сезона, а „Газета дело Спорт“ потенцира дека ќе има невообичаено и тивко збогување со италијанскиот клуб.
Раководството веќе му даде црвен картон на Португалецот, во меѓувреме Милан остана и без трофејот во Купот, а Консеисао ќе го следи последниот натпревар од трибините.
Суспензијата заработена по претходниот дуел значи дека Консеисао нема да може да го води тимот од клупата, а истовремено нема да даде изјава и по дуелот со Монца.
За збогувањето да биде уште „потивко“ се погрижи и клубот бидејќи не организирал вообичаена прес-конференција како најава за натпреварот.