УЕФА се извинила за гафот со медалите по финалето на Лига Европа

Дерби

23/05/2025

14:15

452

Големина на фонт

а а а

Европската фудбалска федерација (УЕФА) испратила официјално извинување до Тотенхем поради невообичаениот гаф на церемонијата на доделување медали по финалето на Лига Европа.

Англискиот тим го совлада Манчестер Јунајтед, но дел од играчите останаа без медали, што донесе многу критики за УЕФА и претседателот Александер Чеферин.

Капитенот Сон дури и го подигна трофејот без медал, ситуација која досега не се случила на толку важно натпреварување организирано од европската централа.

– На наше жалење, немаше доволно медали на церемонијата, бидејќи на неа се појавија поголем број повредени играчи на победникот.

– Повеќе претставници, вклучувајќи и повредени фудбалери се најдоа на теренот, а медалите кои недостасуваа наскоро ќе им бидат испратени на фудбалерите, – стоело во извинувањето на УЕФА.