„REALME“ следната недела го лансира мобилниот телефон „GT 7“, а се очекува и специјална верзија „Dream Edition“, развиена во соработка со тимот на „Aston Martin Aramco F1“.
Еден од возачите на тој тим е двократниот светски шампион Фернандо Алонсо, кој се појавува во најновиот видео-тизер за мобилниот телефон во кој зборува за поместување на границите и достигнување на максимумот.
Иако во видеото Алонсо воопшто не зборува за мобилниот телефон, јасно е дека станува збор за негова најава, бидејќи „Realme“ во описот на објавата напиша: „Тимот на Aston Martin Aramco F1 и Realme заеднички го дизајнираа секој дел од Realme GT7 Dream Edition“.
„Realme GT 7“ доаѓа во сина боја наречена „IceSense“ со црвени детали, а „Dream Edition“ ќе биде достапен во зелена боја наречена „British Racing Green“ и ќе го има логото на Астон Мартин на задната страна. Ќе биде достапно ограничено време.
Уредот ќе има „Dimensity 9400e“, чипсет но другите деталите за спецификациите не се познати, како ни цената. Официјалната презентација е закажана за 27 мај.