Еден од најдобрите тенисери раскинал со „најпознатата жена во машкиот тенис“: Таа објави како плаче во креветот

Супермен

28/04/2026

09:54

2.126

Големина на фонт

а а а

Американскиот тенисер Тејлор Фриц и неговата девојка, инфлуенсерката Морган Ридл, наводно раскинале по речиси шест години врска.

Парот со години беше многу популарен, а Ридл се прославила во 2022 година, кога привлекла внимание навивајќи за своето момче на Вимблдон, за време на неговиот меч против Рафаел Надал. Оттогаш Морган целосно ја прифатила титулата на „вагсица“ и го документирала својот живот како девојка на тенисер. Притоа не обрнувала внимание на оние кои го критикувале нејзиното „искористување“ на успехот на Фриц и стигнала до статусот на „најпозната жена во машкиот тенис“ токму поради таквиот пристап.


Исто така изгледа дека Морган не планира да загуби сè што постигнала во последните неколку години, па по наводното раскинување ја свртела приказната на својот Инстаграм профил. Имено пред неколку денови објавила низа фотографии на кои прикажала моменти од сопствениот живот, а една конкретна фотографија го привлекла вниманието на нејзините следбеници.

Имено на фотографијата Ридл позирала во бела маичка со натпис: „Најдобра поранешна девојка во светот“, а споделила уште неколку знаци на раскинување, вклучувајќи фотографија на која плаче во кревет. „Жал ми е девојко. Ќе нѝ недостигаш на тениските терени, но и понатаму ќе те следам“, „Секогаш беше и ќе остане – икона“, „Искрено ја смени играта. Те сакаме“, се само дел од коментарите на нејзините следбеници кои и порачале дека и понатаму ќе продолжат да поддржуваат.


Во саботата „Пипл“ објави дека парот раскинал, а изворите рекле дека одлуката за раскинување била заедничка.

Која е Морган Ридл?

Морган Ридл е 28 годишна инфлуенсерка, родена на 31 јули 1997 година. Пораснала во Минеаполис во Минестоа, а отсекогаш сонувала да живее во Њујорк. Се чини дека тој сон ѝ се остварил кога започнала да студира во Њујорк. Според нејзиниот профил на „Линкдин“ таа дипломирала на колеџот Вагнер во 2019 година со диплома по англиски јазик и литература. По дипломирањето, осум месеци работела како агентка за недвижности во компанијата Компас пред целосно да им се посвети на социјалните мрежи.


Пред речиси четири години почнала да објавува кратки видеозаписи на ТикТок, во кои ги покажувала своите елегантни модни изданија. Нејзините стајлинзи станале вирални, а Ридл собрала стотици илјади следбеници.

„Да бидам искрена, сè почна како начин да го споделувам својот живот, љубовта кон модата и љубовта кон тенисот, бидејќи сум релативно нова на турнирите. Не знаев ништо за тенисот кога почнав да се забавувам со Тејлор. Си помислив: „О Боже, тенисерите мора да плаќаат за сите свои патувања?“ и „Вака функционира рангирањето?“, бев толку фасцинира од тоа. Сакав да ја споделам љубопитноста што ја имав за спортот. На почетокот немав план, но со текот на времето, како што прерасна во мој личен бренд и бизнис, станав многу свесна за усогласување со можностите и брендовите што автентично одговараат на моите интереси и личност. Беше доста органско, не би рекла дека некогаш помислив: „Сакам да бидам инфлуенсерка“, изјавила таа за Грација.


Успех на социјалните мрежи

Благодарение на социјалните мрежи Ридл станала „најпозната жена во машкиот тенис“, а некои ја нарекувале и вагсица што неа не ѝ пречело.


„Мислам дека вагсиците отсекогаш имале негативна конотација. Мислам дека самите вагсици не сакаат така да бидат нарекувани. Јас отсекогаш го прифаќав тоа. Знаев дека луѓето секогаш ќе ме нарекуваат вагсица, така што не сакав непрестајно да велам: „Не нарекувајте ме така“. Едноставно требаше да го прифатам тоа за да ја избегнам неизбежната негативност што ќе следеше доколку не го сторев тоа. Секогаш ја користев мојата платформа за да ја покажам мојата љубов кон тенисот и други работи што навистина ме интересираат: култура на навивачи, патување во нови земји, пробување нова храна, запознавање луѓе од различни делови на светот. „Ако ова го промени начинот на кој луѓето ги перципираат вагсиците, тогаш се надевам дека е само потсетник за луѓето дека не постои универзална дефиниција“, изјавила Морган.


Од друга страна Фриц отсекогаш ја поддржувал нејзината работа на социјалните мрежи и рекол дека верува оти нејзината посветеност на каузата го разгорела глобалниот интерес за спортот. „Мислам дека е одлично она што го направи за нашиот спорт. Сега има многу луѓе што го гледаат“, изјавил тој за време на Мастерсот во Индијан Велс.

Пред две години, тенисерот ѝ се заблагодарил на својата поранешна партнерка за нејзината огромна поддршка за време на турнирот. „Мислам дека е одлично да имаш некој кој е тука за тебе, кој те поддржува, кој ти помага да останеш фокусиран. Како некој кој претходно немал никаква врска со тенисот, во случајот на Морган, таа направи одлична работа во текот на годините, таа едноставно некако разбра. Таа го сфаќа тоа, а исто така разбира што е потребно секоја недела и во текот на целата година за да ми помогне да го играм мојот најдобар тенис и да се чувствувам најдобро“, истакнал тенисерот.


Инаку Морган и Тејлор се запознале во средината на 2020 година на апликацијата за запознавање „Раја“ и почнале да се забавуваат кратко потоа. Тие ја прославиле својата прва годишнина во јуни 2021 година и оттогаш често споделуваа заеднички моменти на социјалните мрежи.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk