Актерот Педро Паскал бил виден во текот на летот, а сето тоа успеал да го „документира“ инфлуенсерот Лукас Пелизаро којшто во своето видео целата ситуација ја претставил на духовит начин.
Холивудскиот актер Педро Паскал којшто ги доби симпатиите од публиката во вонвременскиот хит „The Last of Us“, бил воочен како лета со економска класа од Лондон за Кан.
Актерот којшто има три номинации за „Еми“ наградите и над 10 милиони следбеници на Инстаграм, бил забележан во текот на летот со авион.
Pedro Pascal flying economy on a regular London to Nice flight, just casually sitting among everyone else on his way to Cannes
— Oscar Race (@TheOscarRace) May 19, 2025
pic.twitter.com/65ZnCaf7Ot
„Работите излегоа од контрола. Се преправаше дека го заборавил телефонот во авион само за да биде во истиот автобус со мене до пешачката контрола. Се обидов да му побегнам, но не му беше гајле“, рекол во видеото Пелизаро низ насмевка и продолжил, додавајќи дека филмската легенда го следела до фестивалот.
„Влезе на премиерата, а знаете дека во Кан е строго. Не пуштаат никој туку-така, но овој тип некако се провлече внатре“, духовито изјавил Пелизаро.
Педро Паскал, на конференцијата за новинарите во текот на фестивалот говорел за многу општествени теми, особено истакнувајќи ја положбата на латино мигрантите во Америка.
„Јас сум имигрант. Моите родители избегале од Чиле. И јас сум имигрант. Побегнавме од диктатурата. Имав привилегија да растам во САД, благодарение на азилот којшто го добивме“, изјавил Паскал и додал дека сѐ што сака е луѓето да бидат безбедни и да бидат дел од вистинската страна на историјата.
Неговата изјава набрзо станала вирална и добила околу 7.5 милиони прегледи на социјалните мрежи, а ниту коментарите не изостанувале.
„Педро отсекогаш бил цар, но сега уште повеќе го ценам. Почитувај го она во што веруваш. Биди нормален, пристоен човек, тоа е најмногу што можеш да бидеш“, гласел еден од коментарите.