Вацап тестира едноставна опција за одјавување

Точка

29/05/2025

20:40

366

Големина на фонт

а а а

Вацап постојано работи на нови функции, кои прво се појавуваат во бета верзиите пред да станат достапни за сите корисници. Еден од новитетите е претстојната опција за одјавување (logout) во поставките на профилот.

Опцијата за одјавување ќе понуди два избора, едната опција ќе ве одјави и ќе ги избрише сите податоци и поставки, додека другата ќе ги задржи податоците и поставките. Првата опција е иста како и деинсталирањето на Вацап, ќе го одјави корисникот и ќе ги избрише сите податоци и поставки на апликацијата, но корисникот нема да биде отстранет од групите.


Од друга страна, втората опција не ги брише податоците, туку само го одјавува корисникот без да влијае на разговорите, групните разговори, податоците и поставките, така што сè ќе го чека корисникот кога ќе одлучи повторно да ја користи апликацијата. Во таков случај корисникот лесно и едноставно ќе може да врати сè, а само ќе треба да се регистрира со помош на телефонскиот број.



Се чини дека оваа функција е дизајнирана за оние кои сакаат кратко да одморат од Вацап. Инаку опцијата за одјавување сè уште ја прикажува ознаката „internal“, што значи дека активно се тестира во рамките на тимот за развој на Вацап.