За време на една посета на малезискиот премиер Анвар Ибрахим на Русија, Владимир Путин му поставил трик прашање кое сите ги насмеало.
Имено на социјалните мрежи се појави видео во кое Путин опишува анегдота што се случила за време на посетата на премиерот на Малезија Анвар Ибрахим на Русија:
„Му покажував што е Адреевската сала во Кремљ, и му велев: „Таму се наоѓаат 3 тронови и го прашав – господине премиере, таму има три тронови, едниот е за царот, другиот е за неговата сопруга – царицата, а за кого мислите дека е третиот?“
Премиерот буквално не ни размисли, само рече – „За втората жена“.
Тоа е одговорот на вистински муслиман, претставник на исламската култура… Сакам да кажам дека нашите традиционални вредности во нешто не се совпаѓаат, но секогаш е корисно да се споделуваат информации…“, раскажа Путин, на што Ибрахим одговори со смеа:
„Само ќе објаснам дека имам една жена, господине претседателе. Чувствував дека претседателот ме тестира и дека тоа е трик. Ме праша за кого е третиот трон и веднаш реков за втората жена, но почувствував дека третиот трон од лево е за мајката“, рече малезискиот премиер.
„Третиот трон е за мајката. Но, лекцијата од оваа приказна е дека споделувањето информации е корисно“, заклучи Путин.