[ФОТО/ВИДЕО] Погледнете во внатрешноста на најскапата хотелска соба во Германија – што сè може да се направи за 55.000 долари дневно

Точка

31/05/2025

20:00

2.314

Големина на фонт

а а а

Новореновираниот апартман „Крал Лудвиг“ во хотелот „Четири годишни времиња Кемпински“ во Минхен е подготвен за гости. За реновирање на најскапата хотелска соба во Германија биле потрошени 1.400.000 евра.

Едно ноќевање во овој хотел чини помеѓу 30.000 и 55.000 евра. Додуша, добивате бесплатен појадок.

Што друго добивате за тие пари?

Апартманот има 220 квадратни метри, три спални соби и три бањи, а ѕидовите се покриени со рачно изработени тапети, во вредност од 250.000 евра.


Собите кои се инспирирани од баварскиот крал Лудвиг Втори, архитектонски ги дизајнирал Колин Финеган. Можете да пишувате на масата каде што австроунгарската царица Сиси му пишувала писма на својот сопруг, да имате свој личен батлер, да се бањате во када од 100.000 евра и да уживате во погледот на Максимилијанштрасе во центарот на баварската престолнина.


Холгер Шрот, генералниот менаџер на хотелот, открива кои ќе бидат најчестите клиенти. Таму ќе престојуваат политичари, првенствено за време на безбедносната конференција во Минхен, но и страствени фудбалски фанови за претстојното финале на Лигата на шампионите.


Се очекуваат бизнисмени со подлабок џеб, членови на кралски семејства од Блискиот Исток и Европа, но веројатно и некои поп-ѕвезди и музичари, кои ќе одржуваат концерти во Минхен.