[ВИДЕО] Сладолед торта од 3 состојки готова за 5 минути: Рецепт за превкусен десерт кој ги милува непцата

Точка

31/05/2025

16:00

2.004

Големина на фонт

а а а

Убавото време нѐ влече што повеќе време да поминуваме надвор, но тоа не значи дека понекогаш треба да си се почестиме со вкусен десерт во којшто ќе уживаме со сите сетила.

Поради тоа што летото доаѓа, а заедно со него и високите температури, најдобро е да посегнете за подготовка на едноставни и брзи десерти за кои нема да ви биде потребно многу време, а во кои еднакво ќе уживате како во оние кои се подготвуваат подолго време.

Денес ви го претставуваме рецептот за сладолед торта од само три состојки (доколку не го броиме екстрактот од ванила којшто може, а и не мора да го користите), а истата ќе ја подготвите за пет минути.

Состојки:

- 500 милилитри слатка павлака;
- 300 милилитри кондензирано млеко;
- 2 лажици екстракт од ванила;
- чоколадни бисквити.

Подготовка:

Изматете ја слатката павлака и ванилата, а потоа додадете го кондензираното млеко. Матете додека не добиете густа смеса.

Кога ќе ја постигнете густината, ставете ред бисквити, па ред слатка павлака, па така додека не ги потрошите сите состојки.

Доколку имате малку повеќе време, може да ја распоредите тортата како во видеото, бисквита по бисквита.

Добиената торта ставете ја во фрижидер да отстои неколку часа, а кога ќе ја извадите може да ја украсите или веднаш да ја пресечете и да уживате во вкусот.

На здравје!