Во напад во Газа загинаа 35 Палестинци, вклучувајќи и луѓе кои чекале помош

Макфакс

03/06/2025

11:07

120

Големина на фонт

а а а

Израелската армија уби уште најмалку 35 Палестинци во смртоносни напади низ разорениот од војната Појас Газа, вклучувајќи и напад врз цивили кои чекале да добијат помош во јужниот град Рафа, соопшти Министерството за здравство, објави турската агенција „Анадолија“.

Во соопштението на Министерството се вели дека во израелскиот напад насочен кон цивилите кои чекале хуманитарна помош се убиени 27 Палестинци, а повеќе од 90 се повредени.

Според Министерството, бројот на жртви е прелиминарен, бидејќи многу од повредените се во критична состојба.

Ова е најновиот смртоносен израелски напад насочен кон Палестинците кои се обидувале да добијат помош преку механизмот за помош воведен од Израел, кој стапи на сила на 27 мај.

Израелската армија го потврди нападот, тврдејќи дека целта биле „осомничени кои напредуваат кон силите“.