ЈСП со вонредна линија за млади!

Точка

03/06/2025

12:00

177

Големина на фонт

а а а

Само оваа среда на 4 јуни, од 10.30 до 14.30 часот, Скопје ќе добие нова еднодневна и уникатна автобуска линија за млади!

ЈСП пушта вонредна линија што не само што ќе ве однесе до посакуваната дестинација, туку ќе понуди и необично искуство. Се тргнува од Студентскиот дом „Гоце Делчев“, се кружи низ градот со постојки на најактивните младински точки (ФИНКИ, Архитектонски, Пошта, Рекорд, УКИМ, Капитол, Пелагонија...) и се враќа назад. На оваа уникатна, one in a lifetime, тура ќе има многу изненадувања, ќе има добар вајб и нешто што не смееш да го пропуштиш.


Ако си млад/а, љубопитен/на, обожаваш журки, музика и добра енергија, или едноставно сакаш да уживаш во уникатно искуство и разглед на градот од поинаква перспектива, планирај си го времето за оваа линија. Не се купува билет, се влегува слободно, со став и насмевка. И може да си заминеш со нешто многу повеќе од селфи.