Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, денес изјави дека претседателот на Кина, Си Џјинпинг, е строг и дека е исклучително тешко да се постигне договор со него.
„Го сакам кинескиот претседател Си, отсекогаш сум го сакал и отсекогаш ќе го сакам, но тој е многу строг и е исклучително тешко да се постигне договор со него“, рече Трамп во објава на својот профил на платформата „Truth Social“, објави Ројтерс.
Портпаролката на Белата куќа, Каролин Левит, изјави во понеделникот дека Трамп ќе разговара со Си оваа недела.