Општеството понекогаш знае да ги притисне луѓето во калап во кој тие не припаѓаат, само затоа што им е полесно така да ги разликуваат помеѓу толпата на луѓе. Но, што ако некој не припаѓа во калап и не дозволува да биде опишан со само еден обичен збор? Еден од овие луѓе е Димитри Павловски, младо момче од скопските улици кое преку ден работи како механичар и поправа автомобили, а навечер е балетан кој танцува на класична и модерна музика.
Приказната на Димитри не може да се измисли, туку човек мора да ја слушне директно од него за да ѝ поверува. Тој е еден од оние одлучни млади луѓе кои не го кријат своето вистинско јас, туку решаваат целосно да го прифатат и да бидат удобни со тоа што се.
За многумина од јавноста, а особено за оние кои редовно ја следат домашната култура, Димитри е познат како балетан со повеќе улоги во неколку балетски изведби во НОБ и на разни музички фестивали и култирни манифестации. Заедно со членови на украинскиот балет има играно и по турнеи низ повеќе земји низ Европа: Шпанија, Италија,Франција, Велика Британија... Но, во неговите поблиски кругови луѓето го познаваат и како авто-механичар – наследник на семејниот авто сервис кој го основал татко му пред 30 години. Денес, Димитри го продолжува семејниот бизнис и отвора свој сервис на нова локација. За многумина овие две различни професии немаат никаква допирна точка и никако не се мешаат... но за Димитри, тие се неизоставен дел од него и сето она што тој го претставува.
„Бидејќи сервисот за автомобили ни е стар семеен бизнис, беше некако логично, но и очекувано да се вклучам во работата и да преземам дел од обврските. Ова ми дојде природно, немав двоумење дека сакам да го продолжам она што го почнал татко пред многу години. Од друга страна, пак, танцувањето и балетот ми се страст откако знам за себе. Решив да не ги двојам овие две работи и да ги прифатам и двете како дел од себе. Па така и ден денес, преку ден работам во авто-сервисот и градам свој бизнис, а навечер вежбам и танцувам за да ја продолжам кариерата како балетан“, вели Димитри.
Ваквите приказни се вистинска реткост во денешницата, кога луѓето често се приморани да се сместат себеси во само една улога во општеството и да останат во неа за да бидат препознатливи. Но, Димитри ни покажува дека понекогаш е поважно да се прифатиш себеси со сите свои улоги, интереси и страсти за да бидеш вистински автентичен и среќен. А токму оваа порака ја испраќа и иницијативата на dm наречена #СкрозЈас, која ги повикува сите луѓе да се исправат и гордо да кажат што е она што ги прави уникатни и свои, без стереотипи и без осудувања.
Во секој од нас има толку многу размислувања, чувства, страсти и емоции, кои често ги потиснуваме од страв да не наидеме на осудување или потсмев. Но сите тие уникатности се дел од нас, дел од мозаикот од кој е составен секој човек – она што го прави #СкрозЈас. dm нѐ повикува да се придружиме на нивната мисија и заедно да градиме заедница која слави разновидност. Бидејќи само заедно, можеме да создадеме простор каде што секој може да се чувствува прифатено и вреднувано.
#СкрозЈас, ги повикува сите луѓе да се исправат и гордо да кажат што е она што ги прави уникатни и свои, без стереотипи и без осудувања.