Рок-музичарот Иги Поп ковчег на концертот во Лондон сцената ја напушти во ковчег, што шокираше многу обожаватели.
За време на концертот, 78-годишниот музичар Иги Поп влезе во ковчег кој подоцна бил изнесен од сцената, што е снимено и споделено на неговиот Инстаграм профил, објави магазинот „People“.
На социјалната мрежа X, музичарот напиша дека „Лондон беше урнебесен“ и ја нагласи важноста на начинот на кој се напушта сцената.
Многу обожаватели признаа дека на почетокот биле шокирани и исплашени, но брзо се насмеале кога сфатиле дека станува збор само за духовита сцена.
Легендарниот музичар Иги Поп ја продолжува својата турнеја низ Европа, Северна и Јужна Америка, со закажани настапи во Мадрид, Хамбург, Даблин, Берлин и Буенос Аирес. Претходно изјави дека не планира да се пензионира, но во 2023 година објави дека ќе се откаже од ризични настапи како што е скокањето во публиката од безбедносни причини.