Омилениот холивудски пар ја раскина свршувачката: Беа заедно 8 години, сега е дефинитивен крај?!

Точка

05/06/2025

21:16

3.485

Големина на фонт

а а а

Дакота Џонсон и Крис Мартин повторно раскинаа, а извори блиски до двојката тврдат дека овој пат раскинувањето е конечно.

По речиси осум години врска исполнета со подеми и падови, се чини дека актерката и фронтменот на „Колдплеј“ решиле да тргнат по различни патишта, иако претставниците на познатата двојка не сакаа да коментираат за наводите за раскинување, пренесуваат странските медиуми.

Дакота и Крис првпат беа поврзани во 2017 година, а со текот на годините тие раскинуваа и се смируваа неколку пати. Последен пат беа видени заедно кон средината на мај оваа година во Малибу, додека во јануари беа заедно во Индија, каде што Мартин настапуваше со својот бенд. Во март 2024 година, извор близок до двојката откри за списанието „Пипл“ дека Дакота и Крис се верени со години, иако не брзаат да се венчаат, и покрај гласините што кружеа од 2020 година.


Во текот на август минатата година се појавија нови гласини за раскинување, но потоа портпаролот на актерката ги негираше овие тврдења и изјави дека тие сè уште се заедно и среќни. Изворите, потоа нагласија дека Дакота и Мартин доживеале бројни предизвици и повремени раскинувања за време на нивната врска, но секогаш наоѓале начин повторно да бидат заедно. И двајцата се посветени на своите кариери и се обидувале да го балансираат приватниот и професионалниот живот колку што можат.

Според најновите информации, двојката заклучила дека нивната врска нема иднина поради различни приоритети и работни обврски кои тешко се усогласуваат. Крис во последните месеци беше зафатен со турнеи со „Колдплеј“, додека Дакота се посвети на нови актерски проекти. И покрај напорите да ја одржат врската, двајцата сфатија дека е најдобро секој да продолжи по својот пат.


Кога биле физички разделени поради работа, работите честопати изгледале подобро - но враќањето на заедничка рутина обично носело нови несогласувања.

„Дакота најмногу ја боли фактот што таа повеќе нема да биде толку присутна во животот на неговите деца, но сака да знаат дека таа секогаш ќе биде тука за нив“, додава изворот.


Постои можност парот еден ден да се смири, но засега, како што велат блиски пријатели, разделбата може да им помогне појасно да согледаат иднината.


Да потсетиме, Крис Мартин претходно беше во брак со актерката Гвинет Палтроу, со која има две деца - Епл (21) и Мозес (19). Двајцата се разведоа во 2014 година по десет години брак.