Одите на Ситонија? Цените можеби ќе ве изненадат

Точка

11/06/2025

22:23

4.780

Големина на фонт

а а а

Каламици е плажа на самиот југ од Ситонија, а многу од туристите летуваат токму таму.

„Никана.гр“ ги истражила цените и еве колку чинат лежалките, пијалаците и храната.

Цени на пијалаците во баровите:

- кафе од 3 - 5 евра;
- сокови во шише 3,5 - 5 евра;
- свежо цедени сокови 6 евра;
- пиво од 3,5 – 6 евра;
- вода, мало шишенце 0,5 евра, големо шише 1 евро.

Цените на брзата храна:

- гиро 5 евра, порција 10 евра;
- тост сендвич 4,5 евра;
- хотдог 5 евра.

Цени на лежалки

Цените на лежалките варираат од бар до бар, наjевтините се 10 евра (вклучувајќи два пијалаци), потоа 15 евра (без пијалак) и 20 евра (некаде пијалакот е гратис, некаде не е).


Каде се наоѓа плажата Кламици?

Тоа е плажа на самиот југ од Ситонија. Од најблиските места тука се Торони и Сарти на 15 километри оддалеченост и Сикиа на 6 километри оддалеченост. Каламици е мала населба покрај оваа плажа, па така таму може да најдете сместување и ресторани, барови и еден мини-маркет, а може да изнајмите и чамец и така да обиколите некои од околните плажи.

Каква е плажата? Дали е погодна за деца?

Со својот полукружен облик оваа плажа е една од подобрите на Ситонија, но и во целата северна Грција. Ситниот песок ја прави удобна за шетање и лежење на неа.


Морето е кристално чисто, со зелено-сина боја, мирно, длабочината е постепена, па е одлично и за мали деца. Плажата е одлично уредена и постојат многу барови каде може да изнајмите лежалки и чадори, како и да си нарачате освежителен пијалак, да јадете сладолед.

Љубителите на нуркањето ќе уживаат на оваа плажа затоа што во близина се наоѓа една од најдобрите подводни локации на Ситонија, како и неколку нуркачки клубови во кои може да се приклучите и да уживате во водната авантура.