Доктор Момчило откри: Ова е најдоброто природно средство за чистење на црниот дроб и цревата: Толку е евтино, а отровите исчезнуваат во рекорден рок

Точка

13/06/2025

09:03

7.372

Големина на фонт

а а а

Проф. д-р Момчило Матиќ го откри најдобриот природен начин за чистење на црниот дроб и цревата.

Матиќ предупреди дека секој што консумира силна, мрсна храна подолг временски период треба да направи детоксикација на црниот дроб.

„Ако се опуштиме два или три дена, ништо нема да нѝ се случи, меѓутоа, оние што јадат лоша храна подолг временски период треба да го исчистат и детоксицираат црниот дроб“ рече д-р Матиќ.

Како што кажа, чајот од глуварче е најдобар за ова, додавајќи дека е добро во него да се додадат прополис, полен, ѓумбир во прав, цимет и лимон.


„Треба да се пие наутро пред појадок на празен стомак, но пред тоа испијте една чаша топла вода. Таа е одлична е за детоксикација“ рече д-р Матиќ.

Како што објасни, таа вода може да биде која било, од чешма или флаширана, единствено е важно да биде топла односно истата да се стопли.

„Пред сè, треба да испиете две чаши топла вода за да го исчистите организмот“ додаде докторот.


Тој нагласи дека сода бикарбона исто така дава базна реакција, но дека проблемот е кај луѓето кои имаат висок крвен притисок.

„За детоксикација, најважно е внесувањето течности и вода, тоа ќе му даде најдобар резултат на нашиот организам“ заклучи д-р Матиќ.

За оние кои сакаат да ослабат, наместо топла вода, докторот препорачува ладна вода, бидејќи таа подолго се задржува во телото и го зголемува чувството на ситост.