5 трикови кои дизајнерите ги користат да направат малата соба да изгледа поголемо – еве од каде да тргнете

Точка

11/06/2025

16:13

997

Големина на фонт

а а а

За дизајнерите, пронаоѓањето на паметни начини малите простори да ги направат визуелно поголеми може да биде вистински креативен предизвик.

Без оглед на тоа дали сакате максимално да го искористите просторот, овие совети на дизајнерите можат да ви помогнат.

Искористете ја природната светлина

Во малите простори, важно е да направите сѐ што можете со природната светлина која ја имате на располагање. Оставете ги прозорците непокриени или завесите тргнете ги.


Ставете огледало

Поставувањето на впечатливо огледало во просторот е одлична прилика да се истакне смелиот стил, но има и дополнителна предност затоа што собата така ќе делува пространа.

Изберете компактен мебел

Големите површини како ѕидови или работна маса треба да бидат бели за да делуваат поотворено и попространо и треба да купите мебел којшто штеди од просторот.

Оставете ги ѕидовите празни

Доколку собата е мала треба да се грижите за тоа просторот да не биде преполн. Оставете некои празни простори околу работните површини и празнини на ѕидовите. За малите дневни простории, користете голем, простран мебел како централни елементи, а потоа пополнете ги празнините околу него. Доколку одлучите да купите мал мебел овие парчиња можат да заземат празен простор и да ги нарушат тековите во просторот.


Креирајте зони

Создавањето зона во внатрешноста на собата може да направи таа да изгледа поголема, доколку тоа го направите како што треба. Создавањето раздвоен распоред во просторот може да помогне во разграничувањето на една соба на повеќе области, правејќи таа да изгледа поголемо.