Англија одигра лош натпревар на „Сити Граунд“ во Нотингем и загуби од Сенегал со резултат 1:3, натпревар на кој Томас Тухел го претрпе првиот пораз како селектор на „Гордиот Албион“.
Во еден навистина разочарувачки натпревар, една од ретките светли точки во англискиот тим беше Еберечи Езе, а неговото ново импресивно издание оваа сезона го натера Пол Сколс да му посвети објава на социјалните мрежи.
Легендарниот фудбалер на Манчестер Јунајтед не крие дека е воодушевен од фудбалерот на Кристал Палас, по што реши да испрати кратка порака до својот сакан клуб.
– Само купете го него………, – гласи Инстаграм сторито на Сколс.
Кристал Палас знае каков фудбалер има во своите редови и не размислува да преговара со било кој клуб, па доколку некој сака да го купи, ќе мора да ја исплати клаузулата од 68 милиони фунти.