Откако официјално ја потврдија својата врска на социјалните мрежи, двајцата сè помалку се кријат од јавноста.
Манекенката Џиџи Хадид и Бредли Купер, кој е 20 години постар, неодамна официјално ја потврдија својата врска. Тоа го направи Џиџи кога објави серија фотографии од прославата на нејзиниот роденден, на кои се појави и Бредли.
Иако веќе беше познато дека двајцата се во врска, дотогаш тие официјално не го потврдија тоа, а потоа решија да се однесуваат порелаксирано во јавноста.
Го прекршиле своето правило да ја држат својата интима подалеку од папараците во Њујорк додека оделе на романтична вечера, пренесе „Пипл“.
За време на престојот во ресторанот, тие разговарале и преку видеоповик со еден од пријателите на Бредли, а Џиџи го гушкала актерот, не криејќи ги своите емоции.
По напуштањето на ресторанот, тие излегле на прошетка држејќи се за раце, што е исто така реткост кога станува збор за нивната врска.
Џиџи зборуваше за својата врска со Купер само еднаш, во интервју за списанието „Вог“.
„Нашата врска е многу романтична и среќна. Важно е да знаеш што сакаш и што заслужуваш, а уште подобро е кога ќе најдеш некој што е во истата фаза од животот како и ти“, изјави манекенката.