Како да го зачувате помнењето и бистриот ум по 40-тата: Со овие правила мозокот ќе ви работи како часовник, тврди популарната психотерапевтка

Точка

12/06/2025

09:24

3.353

Големина на фонт

а а а

Популарната психотерапевтка дала совети како да го зачувате помнењето и бистриот ум после 40-тата година.

Психотерапевтката Наталија Бекхтерева, потомок на големиот научник Владимир, споделила научни, но едноставни совети за тоа како да го зачувате помнењето.

Многу од луѓето забележуваат дека со годините помнењето повеќе не е „исто“. Но, тоа не е смртна пресуда. Бакхтерева е убедена дека мозокот може и треба да продолжи да се тренира секој ден.


„Учете странски јазици, одете на изложби, читајте книги, гледајте филмови. Постојано обидувајте се да правите нешто ново. Навикнати сме да се потпираме на сопственото искуство, но често е потребно да гледате на светот со очи на почетник. Доколку одите дома по една рута, сменете ја рутата. Доколку решавате проблем на еден начин, обидете се подоцна да го направите тоа на друг начин, со посложена опција“.

Еден од наједноставните и најефикасни начини е комуникацијата во живо.


„Многу е корисно да разговарате за денот навечер во семејниот круг, заради превенција од Алцхајмерова болест, анксиозни состојби, психосоматски тегоби. Целосната комуникација во семејниот круг може целосно да ја замени посетата на психотерапевт“.