Пензионер којшто преживеал канцер 4 пати добил на лотарија – открива како дошол до последната добивка

Точка

12/06/2025

11:32

1.414

Големина на фонт

а а а

Дејвид Серкин, Канаѓанец од провинцијата Алберт, којшто преживеал канцер, освоил лотарија дури четири пати, а три добивки биле забележани меѓу август 2024 и мај 2025 година, пишува „Гардијан“.

Вкупната среќа му донела парична награда во износ од околу 2,5 милиони американски долари.

„Знам дека шансите се мали и се сомневам дека ќе се повтори“, изјавил Серкин, но додал дека ќе продолжи да игра лотарија.

Според некои пресметки, веројатноста една личност да освои лотарија четири пати изнесува еден на 370 квадрилиони.

Серкин на 20 август 2024 година освоил 500 илјади долари, на 16 ноември освоил милион долари, а истиот износ го добил и на 3 мај.


Последната добивка му ја донела ливчето лотарија купено на бензинска пумпа во неговиот роден град Летбриџ.

Медиумската куќа „Нау Торонто“ пишува дека Серкин пред повеќе од десет години освоил уште 250 илјади долари.

Серкин изјавил дека игра лотарија од 1982 година и дека тоа го прави редовно. Додал дека ужива во ритуалот на купување лозови и ги проверува извлечените броеви.

„Ги проверуваш броевите и доколку си победил, среќен си“, изјавил Серкин.

„Доколку не си добил, секогаш можеш да се обидеш повторно“, додал тој.

„Преживеав канцер и сега сум во пензија, така што благодарен сум на сето ова“, изјавил тој.

Тој истакнал и дека својата последна среќна комбинација ја купил импулсивно додека ставал гориво во автомобилот, мислејќи: „Што имам да изгубам?“.


Рекол дека неговите пријатели реагирале со зборовите: „Пак?“, кога ги викнал на кафе да им соопшти дека освоил џекпот.

Кога раскажал, и неговата сопруга била во неверување. Доколку историјата нешто кажува, тие двајца ќе отидат на некое незаборавно патување.

„После претходните победи, ја одведов сопругата на Хаваи и ни беше прекрасно“, изјавил Серкин.