Супер бабичка има 92 години и секој ден прави 200 склекови и 100 стомачни вежби: Го откри својот рецепт за дологовечност

Точка

12/06/2025

20:27

1.065

Големина на фонт

а а а

Деведесет и двегодишната старица Ли од централната кинеска провинција Хунан секој ден прави 200 склекови и 100 стомачни вежби за да го одржи своето здравје.

Таа се најде во фокусот на јавноста откако на почетокот на јуни сподели совети за долговечност на Фестивалот на медицина на етничкото малцинство Јао, во автономниот округ Џиангхуа Јао, објави локалната телевизија.

„Вешто врти хулахоп“

Новинарите ја посетија оваа жена, а на нивно барање таа направи 100 стомачни вежби на кревет и 200 склекови на под.

Се наведува дека баба Ли „вешто врти хулахоп“, а нејзиното здравје значително се подобрило благодарение на редовното вежбање.

„Моите склекови можеби не се по стандард, но се трудам секој ден да направам по 200“, изјави таа.

A woman in her 90s sticks to a daily workout routine, doing 200 push-ups and 100 sit-ups every day — let’s give her a big round of applause! #AmazingFeat #ChinaStory

Posted by China News 中国新闻网 on Thursday 5 June 2025


Миење нозе во топла вода

Ли откри дека најчесто вежба дома, бидејќи често врне и не ѝ е згодно да учествува во активности на отворено. Таа додаде дека секоја вечер си ги мие нозете во топла вода.

„Порано имав грчеви во нозете, но откако почнав да правам бањи за стапала, тоа повеќе не се случува“, вели таа.

По дипломирањето на факултетот во Чангша, Хунан, во 1959 година, Ли со децении работела како воспитувачка во градинка.

Сите сакаат да вежбаат

„Сакам да ги правам движењата што обично ги прават децата“, изјави виталната старица за медиумите.

Инаку, во Кина е вообичаено постарите луѓе активно да се занимаваат со спорт.

На улиците на кинеските градови, баби и дедовци практикуваат Таи Чи, навечер учествуваат во улични танци и редовно користат јавни справи за вежбање на спортските терени.