Леклер размислува да го напушти Ферари

Макфакс

12/06/2025

16:01

416

Големина на фонт

а а а

Возачот на Ферари, Шарл Леклер, сериозно ја разгледува можноста да го напушти италијанскиот тим, објавува „Кориере дела Сера“.

Иако неговиот договор со „Скудерија“ трае до 2029 година, Леклер има клаузула што му дозволува да ја раскине соработката во летото 2026 година.

Се вели дека Леклер се сомнева дека Ферари ќе остане конкурентен откако ќе стапат во сила новите правила во Формула 1. Моментално, Ферари е втор во шампионатот на конструктори по девет трки, додека 28-годишниот Леклер е петти во пласманот на возачи.

Неговиот колега, седумкратниот светски шампион Луис Хамилтон, е на шестото место.

Леклер дебитираше во Формула 1 во болидот на Заубер во 2018 година. Следната година тој пристигна во Ферари, заменувајќи го Кими Раиконен. Во својата прва сезона во црвениот автомобил, тој победи на трките во Белгија (Спа) и Италија (Монца), и стана најмладиот возач што победил на трка за Ферари.

Тој забележа пет победи со 23 пол позиции. Својот најдобар вкупен пласман го постигна во 2022 година, кога го освои второто место.

Првенството во Формула 1 продолжува викендов со трката за Големата награда на Канада.