„Adastra младинска кошаркарска лига“: Официјално партнерство меѓу Кошаркарската Федерација на Македонија и Natura Therapy

Точка

13/06/2025

14:42

253

Големина на фонт

а а а

Денес, во присуство на медиуми, партнери и претставници на двете институции, беше потпишан договор за стратешка соработка меѓу Кошаркарската федерација на Македонија (КФСМ) и Natura Therapy.

Договорот беше официјално потпишан од потпретседателот на КФСМ г. Младен Ѓуроски и претставник на Natura Therapy г. Сашко Дрвошански. Со овој договор, Ad Аstra – под-бренд на компанијата Натура Терапи, синоним за спорт, фитнес и рекреација, станува генерален спонзор на младинската кошаркарска лига, која од денес гордо ќе го носи името „Adastra младинска кошаркарска лига“.


Ова партнерство заедно со финансиската поддршка ќе овозможи и реализација на серија долгорочни активности, кампањи и едукативни иницијативи кои ќе ја поддржат физичката активност, менталната стабилност и здравиот развој на децата и младите низ целата држава.

Истакнуваме дека покрај финансиската поддршка за Кошаркарската федерација договорена со генералното спонзорство на АД АСТРА младинската кошаркарска лига, Натура Терапи ќе отвори посебен фонд во кој ќе се донираат и акумулираат средства од продажбата на сите производи од палетата на АД АСТРА, односно со секое купување на овие производи всушност вие донирате и во фондот за унапредување на кошарката, а овие насобрани средства, еднаш во годината во договор со федерацијата, ќе бидат наменети како финансиска поддршка на наши успешни поединци кошаркари или други соодветни проекти.


Natura Therapy како општествено одговорна компанија ја проширува својата мисија со поддршка на развојот на спортот кај младите и создавање на млади генерации со здрави навики за здрав живот од најрана возраст. Преку ова партнерство, Natura Therapy ја засилува својата улога во заедницата, вложувајќи во иднината на децата и промовирајќи вредности како дисциплина, упорност и тимска работа.