Најпродуктивниот напаѓач во светот стапи во штрајк

Макфакс

12/06/2025

16:39

640

Големина на фонт

а а а

Виктор Ѓокерес, извонредниот напаѓач на Спортинг, стапи во штрајк. Нема да доаѓа на тренинзите на шампионите на Португалија до понатамошно известување.

Шведскиот репрезентативец имал договор со раководството на клубот дека ќе биде продаден доколку некој понуди обештетување од 75 милиони евра.

Сепак, челниците на тимот од Лисабон се предомислија и бараат повеќе пари. Според извештаите, претседателот сега сака 100 милиони евра за неговата продажба, што е премногу, дури и за најбогатите тимови.

Поради ова, Ѓокерес се одлучил за радикален потег, се додека не ги принуди луѓето од Спортинг да ја променат својата одлука. Арсенал и Манчестер јунајтед покажаа најголем интерес за напаѓачот.

Минатата сезона, Ѓокерес постигна 54 гола, а за две сезони, вкупно 97 во 102 натпревари за Спортинг. Во шампионатот на Португалија, тој ја погоди мрежата неверојатни 39 пати во 33 натпревари, што го прави најпродуктивен играч во Европа.

Тој пристигна во Лисабон во 2023 година од Ковентри за 23 милиони евра.