[ФОТО] Поради атрактивната русокоса сè „запира“, дури и сообраќајот

Точка

13/06/2025

07:56

4.881

Големина на фонт

а а а

Заводливата фигура на Ема Херман е доволна причина за таа да се вброи меѓу најатрактивните жени, а фотографите ја „фатија“ во уште една предизвикувачка комбинација.

Атрактивната американска манекенка, инфлуенсерка и ѕвезда на реалното шоу „Selling Sunset“, беше „фатена“ на улиците на Холивуд во многу провокативна комбинација која ја истакна нејзината неверојатна фигура.



Убавата русокоса позирала со насмевка за фотографите додека шетајќи го пиела утринското кафе, а носела портокалова спортска облека која совршено ѝ прилегаше. 




Светлата боја дополнително ја нагласи нејзината витка фигура и исончаниот тен, а модните додатоци вклучуваа очила за сонце и накит.


Инаку Ема е позната по „скандалот“ со Бен Афлек, кој наводно бил заинтересиран да ја запознае пред да ја обнови врската со Џенифер Лопез, која сега му е поранешна сопруга. Манекенката тврдеше дека стапиле во контакт преку апликација за запознавање, но актерот ги негираше нејзините тврдења.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk