Брајтон го собори грчкиот трансфер рекорд за потписот на тинејџер

Дерби

13/06/2025

11:23

79

Големина на фонт

а а а

Премиерлигашите и ова лето нема да штедат за трансферите на квалитетни фудбалери, а тоа го покажува и потегот на Брајтон уште на средината на јуни.

Екипата предводена од Фабијан Хурцелер успеала да го добие потписот на најталентираниот грчки фудбалер, Харалампос Костулас и за овој трансфер ќе му плати на Олимпијакос дури 35 милиони евра.

18-годишниот Костулас го најавил својот голем потенцијал во младинскиот тим на Олимпијакос, со кого ја освои европската младинска лига во 2024 година, а последнава сезона постигнал 7 голови на 22 натпревари во првиот тим на црвено-белите од Атина.

Костулас со овој трансфер го собори досегашниот грчки рекорд за излезен трансфер, кој изнесуваше помалку од 20 милиони евра и се однесуваше на заминувањето на Даниел Поденс од Олимпијакос во редовите на Волвс.

Ако ги активира и предвидените бонуси, Костулас ќе стане и најскап грчки фудбалер во историјата, соборувајќи го рекордот на Костас Манолас од 2019 година.

Англиските медиуми објавија дека агент на Костулас е Јоргос Пану, човекот кој го откри Јанис Адетокумбо и го претвори во една од најголемите ѕвезди во НБА лигата.