Наполи ја продолжува офанзивата: Конте ќе добие голем шпански талент од Ла Лига

Дерби

13/06/2025

11:24

138

Големина на фонт

а а а

Раководството на Наполи планира да го исполни ветувањето кон тренерот Антонио Конте и летово ќе ангажира повеќе засилувања, вклучувајќи го веќе промовираниот Кевин де Брујне.

Спортскиот директор на италијанскиот шампион, Џовани Мана, од вчера е во Севилја каде е во финални преговори за ангажирање на младинскиот шпански репрезентативец Хуанлу Санчез.

Се работи за 21-годишен фудбалер со голем потенцијал и член на шпанската У-21 репрезентација, со која во моментов настапува на Европското првенство.

Хуанлу има договор со Севилја до 2029 година, но сложената финансиска ситуација на шпанскиот клуб и други проблеми на актуелното раководство го прават трансферот реален и може да биде потврден наредниве денови.

Доколку го реализира трансферот, Наполи со Хуанлу ќе добие фудбалер кој може да игра на бековската, но и на поофанзивна позиција на десната страна од теренот.