Гути за одлуката Реал да не му го понуди првиот тим на Раул: Не е доволно само да сте клупска легенда

Дерби

13/06/2025

11:25

138

Големина на фонт

а а а

Гути како поранешна ѕвезда на Реал Мадрид и член на шпанската репрезентација често ги коментира случувањата на фудбалската сцена преку медиумите, а сега ќе биде и стручен коментатор на „ДАЗН“ за Светското клупско првенство.

Тоа е и причина што 46-годишниот Гути периодов почесто е присутен во медиумите, а во последното интервју зборувал на интересни теми, вклучувајќи ја и разделбата на својот поранешен соиграч Раул Гонзалес со Реал Мадрид.

Раул беше тренер на вториот тим и сега реши да замине, додека истовремено тренерската функција во првиот тим му беше доверена на Чаби Алонсо. Гути потенцирал дека Раул не добил шанса да го наследи Карло Анчелоти затоа што раководството очигледно не е убедено дека е подготвен за таков предизвик.

– Како фан на Реал сигурно посакував да го видам Раул во првиот тим. Но, одлуката на клубот е таква. Не е доволно само да бидеш клупска легенда, раководството носи одлуки според тоа што е најдобро за клубот во моментот, – рекол Гути.

Шпанецот зборувал и за клупскиот мундијал и смета дека Реал може да се бори за трофејот.

– Сезоната на Реал секогаш се оценувала според резултатите во Ла Лига и Лигата на шампионите, но точно е дека и овој турнир ќе биде атрактивен затоа што е прво издание и сите ќе сакаат да станат први освојувачи. Очекувам доаѓањето на Чаби Алонсо да донесе позитивен ефект и може да се очекува финале меѓу Реал Мадрид и ПСЖ, – рекол Гути.