Фудбалер на Бока не добил американска виза и нема да настапува на Светското клупско првенство

Дерби

13/06/2025

11:27

116

Големина на фонт

а а а

Аргентинскиот великан Бока Јуниорс, потврди дека нема да може да смета на еден фудбалер на Светското клупско првенство, а причина е тоа што не добил виза за влез во Соединетите Американски Држави.

Се работи за 25-годишниот Аиртон Коста, кој очекувано беше дел од ростерот на Бока за претстојниот клупски мундијал, но ќе мора да го следи турнирот како навивач од својата татковина.

Процедурата за добивање виза траела невообичаено долго во случајот со Коста, за подоцна од американската амбасада да биде објавено дека не му е одобрена и тој нема да може да им се приклучи на соиграчите во Мајами.

Американците не го објасниле својот потег, а претпоставките се дека причина за ваква одлука е инволвираноста на Коста во вооружен грабеж во 2018 година.

Очекувањата беа дека Коста ќе биде стартер уште на првиот дуел со Бенфика на Светското клупско првенство, па тренерот Мигел Русо ќе мора да бара друга солуција.