Видеото на кое дедо гали ајкула, ги преплави социјалните мрежи: Морскиот предатор ужива како маче, ова е вистината

Точка

13/06/2025

14:44

1.781

Големина на фонт

а а а

Во видеото со опис „Само во Турција“, јасно се гледа старец во кајче и ајкула која кружи околу истото, а потоа таа наѕира од водата за дедото нежно да ја гали по главата.

Кога ќе се спомнат ајкули, на многумина првата реакција им е страв. Всушност, некои од луѓето толку многу се плашат од овие морски животни, што додека пливаат не одат многу далеку освен покрај крајбрежјето.

Затоа, не можеме ниту да замислиме како ќе реагираат на ајкула како „домашно милениче“. Звучи неверојатно, но тоа се случило, видеото од дедото и морското куче ги преплавило социјалните мрежи, сѐ додека не била откриена вистинската позадина.

Во видеото со опис „Само во Турција“ јасно се гледа старец во чамец и ајкула која кружи околу истиот, а потоа ајкулата излегува од водата за дедото нежно да ја погали по главата.

Кога ќе го погледнете видеото може да забележите дека изгледа како ајкулата навистина да ужива во галењето. Меѓутоа, вистината е дека посредник на ова видео е AI, односно видеото е направено со помош на вештачка интелигенција.