[ВИДЕО] Оригиналната приказна за „Бамби“ е многу потажна од познатиот цртан филм на Дизни: Алегорија што ќе ве остави без зборови

Точка

14/06/2025

17:31

942

Големина на фонт

а а а

На 14 јуни 1942 година, излезе популарниот цртан филм „Бамби“ на Волт Дизни. Анимираниот филм е базиран на истоимениот роман од писателот Феликс Салтен и е едно од ретките дела на Волт Дизни кое не содржи траги од човечко постоење.

Приказната за срничката која наоѓа љубов и пријателство во шумата откако ловците ја убиваат нејзината мајка, со години им мамеше солзи во очите на луѓето кои го гледаа цртанилот филм, но оригиналната приказна за Бамби е уште потажна.

Приказната што Дизни ја адаптирал во цртан филм во 1942 година е дело од Феликс Салтен од 1923 година, кое не спаѓа во детска литература.


Станува збор за алегорија што Салтен ја напишал за да го предупреди светот дека Евреите ќе бидат прогонувани и убивани во годините што доаѓаат.

Во 1935 година, нацистите ја забраниле неговата книга, бидејќи ја протолкувале како политичка алегорија и ја запалиле како еврејска пропаганда.

„Мрачната вистина за Бамби отсекогаш постоела“, вели Џек Зајпс, професор по германска и компаративна книжевност на Универзитетот во Минесота, кој го преведувал новото издание на книгата, со превод што ги зема предвид финесите на јазикот на Солтен.

„Она што се случува со Бамби на крајот од романот, Дизни делумно го сокрил и направиле патетична и речиси глупава приказна за еден принц и едно буржоаско семејство“, смета тој.

Романот на Салтен „Бамби, живот во шумата“ е сосема поинаков и преведувачот го смета за книга „за преживување во сопствената куќа“.

Трагична приказна за осаменоста на Евреите

Како и „Животинска фарма“ на Орвел, овој роман им припишува човечки карактеристики на животните и ја прикажува општествената клима од 1920-тите во Европа, кога Австријците и Германците ги обвинувале Евреите за неуспехот во Првата светска војна.

„Мислам дека она што го потресува читателот е тоа што постојат и предавници, оние животни што им помагаат на ловците да убиваат“, вели професорот.

Во книгата, се покажува дека тоа е саканиот братучед на Бамби, Гоба, кој е убеден дека е посебен и дека ловците ќе го поштедат.

Откако неговата мајка е убиена, а Бамби е ранет, и иако преживува благодарение на стариот елен, кој се однесува кон него како кон син, тој останува и без тој заштитник.

„На крајот, Бамби не е среќен. Тој е сосема сам. Тоа е трагична приказна за осаменоста на Евреите и другите малцинства“, вели Зипес.


Салтен го предвидел холокаустот

Салтен, кој всушност е роден како Зигмунд Салцман, но го променил името за да биде поприфатен во австриското општество, работел како новинар во Виена.

„Мислам дека го предвиде холокаустот. Тој страдаше како момче поради антисемитизмот, а неговиот роман е апел во кој тој вели: „Не, ова не треба да се случува“, смета преведувачот.

Поранешните преводи на книгата на Салтен го намалиле значењето на антропоморфниот говор на животните, поместувајќи го фокусот така што приказната да биде прифатена како едноставен приказ за животинскиот живот во шумата. Според тоа толкување, Волт Дизни одлучил да ја екранизира приказната.

Кога Германија ја анектирала Австрија во 1938 година, Салтен успеал да избега во Швајцарија, а дотогаш ги продал филмските права за 1.000 долари на американски режисер, кој потоа му ги продал на Дизни.


Салтен никогаш не заработил ништо од познатата анимација. Нацистите му го одзеле австриското државјанство, а тој ги поминал последните години сам во Цирих.

Починал во 1945 година пред да може да најде место што ќе го нарече дом.