Бебе повредено во една од трите сообраќајки кои се случија вчера во Тиквешијата

Макфакс

15/06/2025

10:37

289

Големина на фонт

а а а

Три сообраќајки се случија вчера во Тиквешијата. Во една од сообраќајките, на патот Кавадарци – село Возарци, кон селото Дреново, имаше едно потешко и едно полесно повредено лице. Во сообраќајната несреќа од градот кон росоманското село Рибарци, во која имаше и деветмесечно бебе, се работеше за полесни повреди. Во третата сообраќајка, стануваше збор за незгода на патот Неготино – село Градско, во близина на археолошкиот локалитет Стоби.

Повеќе детали за сообраќајките, се очекуваат во текот на денот, од страна на СВР Велес.