Во Северна Кореја владеат строги правила, а видео од секојдневието во главниот град го шокираше интернетот: Вакво нешто изгледа надреално

Точка

15/06/2025

11:18

5.284

Големина на фонт

а а а

Видео од Северна Кореја кое ја изненади интернет-заедницата прикажува како изгледа секојдневниот живот во главниот град.

Северна Кореја важи за една од најзатворените и најмалку посетувани земји во светот. Покрај тоа што претставува предизвик за најсмелите авантуристи и страствени патници, влезот во оваа изолирана држава е можен само под строги услови, со јасно дефинирани правила на однесување за време на престојот. Мистериозноста дополнително ја зголемува фактот што светот располага со крајно контрадикторни информации за животот таму, што сведоштвата на малкуте што успеале да ја посетат земјата ги прави мошне вредни и интригантни.

Да потсетиме, некои од правилата кои Северна Кореја строго ги наметнува за туристите се: не смее да се фотографира или снима ништо што би можело да се смета за навредливо за државата или нејзините граѓани, а пожелно е и да не се критикува режимот, како и туристите да се консултираат со водичи за секој детаљ од патувањето.


На "TikTok" станаа вирални видеа од еден турист кој неодамна ја посетил Северна Кореја, поточно главниот град Пјонгјанг, а снимките од уличниот живот таму досега ги виделе над 3 милиони луѓе.

Тој прикажал сцени од широките улици и булевари во Пјонгјанг, како и од подземната железница, а изгледот навистина изненадува за еден град со три милиони жители. Нема метежи во сообраќајот, ниту пак меѓу пешаците – атмосферата изгледа неверојатно тивка и мирна.


Сепак, корисниците на социјалните мрежи се изненадени од тоа што околината изгледа како да застанала во 90-тите години на минатиот век. Архитектурата, опкружувањето, па дури и облеката на луѓето – сè потсетува на период од пред три децении.

„Како некој да ја вклучил временската капсула“, „Изгледа опуштено, но некако морничаво опуштено“, „Убаво, мирно и безбедно“, „Кога го гледам ова, сакам да станам државјанин на Северна Кореја“, „Очигледна дисциплина, но не по нивен избор“, „Изгледа како видео од 80-тите и 90-тите“, „Толку дистописки“ – се само дел од илјадниците коментари.