Синоќа во НОБ, Кирил Џајковски имаше концерт на филмска музика – кој беше најавен како омаж на филмот, уметноста и музиката…
Присутните во големата сала на Националната опера и балет, беа сведоци на уникатно аудио-визуелно патување низ најдобрите музички мигови од филмската кариера на еден од највлијателните композитори на нашето време – Кирил Џајковски.
Концертот беше распродаден за неколку дена, а публиката доживеа вечер исполнета со емоции, рефлексија, носталгија и моќно музичко доживување!
Кирил Џајковски со својата музичка изведба ни ги разгали чувствата, разбуди емоции за кои мислевме дека сме ги загубиле некаде по пат…Како да не разбуди од некоја длабока дремка во која сме копнееле по тоа што тој ни го приреди, пишува „Екран“.
Првпат во живо, во придружба на голем филмски оркестар и врвни солисти, беше изведена музика од култни домашни и меѓународни филмови како: „Големата вода” – добитник на награда за најдобра филмска музика во Валенсија, „Прашина”, „Сенки”, „Балканот не е мртов”, „Врба”, „Бал-кан-кан”, „Piargy”– добитник на награда за најдобра филмска музика во Букурешт, „Трето полувреме” и многу други.
Под диригентската палка на Џијан Емин, со учество на солистите Владимир Крстев, Ратко Даутовски, Антоние Весковски, Андреј Трајковски и Игор Иванов, концертот претставуваше ретроспектива на 25 годишното композиторско творештво за филм на Џајковски – музичко патување што не само што не се пропушта, туку ни се чини дека секој од присутните уште вечерва би отишол на истото музичко патување.
Остатокот од текстот можете да го прочитате ТУКА.