Тајната на тенискиот ас: Новак Ѓоковиќ секое утро ги пие овие два „магични“ напитоци заради кои е физички и психички здрав

Супермен

17/06/2025

10:29

1.291

Големина на фонт

а а а

Новак Ѓоковиќ не е само рекордер со 24 гренд слем титули, тој е олицетворение на дисциплината, самопосветеноста и перфекционизмот, кога станува збор за грижата на телото.

Секој детаљ од неговиот ден, од оброк до закрепнување е смислен, а една од најинтересните навики започнува веднаш по будењето и вклучува само две чаши.

На прв поглед звучи едноставно. Нема суплементи, нема магични прашоци, нема скапи напитоци туку само топла вода со лимон и сок од целер којшто Новак го пие секое утро на празен стомак.

Овие две навики, како што вели, помагаат во детоксикација на телото и го освежуваат умот.


Топла вода со лимон – едноставен почеток со голем ефект

Првата голтка за Новак во текот на утрото е топла вода со свежо цеден лимон. Овој напиток е богат со витамин Ц и антиоксиданти, помага во имуниот систем, го балансира варењето на храната, придонесува во регенерацијата на клетките.

Научните истражувања сугерираат дека полифенолите од лимонот помагаат во зачувување на здравјето на цревата и го забавуваат нивото на стареење, особено кога се консумираат на празен стомак.

За спортист каков што е Новак, јакиот дигестивен систем значи подобра апсорпција на нутриенти, помали воспаленија и побрзо закрепнување, а тоа директно се одразува на формата на терен.


Сок од целер – зелен еликсир за телото и умот

Непосредно по лимонадата, Новак консумира чиста, чаша сок од свежо цеден целер. Овој напиток, иако едноставен, содржи витамини А, Ц и К, како и минерали како калиум, магнезиум и фолати.

Витаминот К особено е значаен за здравјето на коските, додека пак другите елементи го поддржуваат крвотокот, ги закрепнуваат мускулите и менталната бистрина.

Ѓоковиќ тврди дека овој напиток не носи само физичка енергија туку и ментална јаснотија, чувство на фокус којшто е клучен за врвни спортски резултати.


Навики кои секој може да ги усвои

Иако просечна личност можеби не „брка“ слемови, многумина можат да научат нешто од рутините на Новак. Овие едноставни навики не бараат скапа опрема ниту посебни услови, само лимон, целер и малку доследност.

Покрај тоа што го хидрираат телото веднаш по будењето, овие напитоци даваат моќен актиоксидантен и дигестивен ефект.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk