Ирански генерал: Во текот на ноќта уништивме стратешки цели во Израел

Макфакс

17/06/2025

11:10

340

Големина на фонт

а а а

Иран објави дека во текот на ноќта уништил стратешки цели во Израел со помош на беспилотни летала, пренесува агенцијата „Франс прес“.

„Различни видови деструктивни беспилотни летала, со можност за прецизно таргетирање, ги уништија стратешките позиции на ционистичкиот режим во Тел Авив и Хаифа“, изјави генерал Киумарс Хеидари, командант на иранските копнени сили.

Израелски воен претставник изјави дека околу 20 проектили биле истрелани во последниот бран ирански напади, од кои повеќето биле пресретнати. Сепак, како што изјави за Би-Би-Си израелски воен претставник, некои проектили поминале низ противвоздушната одбрана и погодиле „отворени области“.