Британската водителка Ким Вудбурн, позната по нејзината популарна емисија „Одред за чистота“, почина на 83-годишна возраст по кратко боледување.
Во официјалното соопштение до јавноста, претставници на нејзиното семејство замолија за приватност во овие тешки мигови:
„Со голема тага објавуваме дека нашата сакана Ким нè напушти вчера, по кратко боледување. Таа беше топла, грижлива и исклучително харизматична личност, со силен дух и голема љубезност. Нејзиниот сопруг Питер е длабоко погоден од оваа загуба, бидејќи Ким беше негова сродна душа. Неизмерно сме горди на сè што постигна во текот на својот живот и кариера. Ја молиме јавноста да им овозможи на нејзините најблиски мир и приватност во ова тешко време“.
RIP Kim Woodburn 💔 I always admired her strength and honesty. What an icon! pic.twitter.com/roqS8WCGLz
— Lewis (@lewispringle) June 17, 2025
Вудбурн стана позната на пошироката публика како лице на популарниот телевизиски формат „Одред за чистота“. Поради нејзината впечатлива личност и пристап кон гледачите, таа го доби прекарот „Кралица на чистотата“.
Покрај тоа, таа учествуваше и во познати ријалити шоуа како што се „Celebrity Big Brother“ и „I’m a Celebrity … Get Me Out of Here“, каде што остави силен впечаток со својата директност и шарм.