Актерката Скарлет Јохансон ги маѓепсала сите синоќа во Лондон, во розов фустан со корсет којшто ѝ бил изработен по мера.
Синоќа во Лондон била одржана премиерата на филмот „Jurassic World Rebirth“, а една од највпечатливите познати личности кои присуствувале била актерката Скарлет Јохансон.
Инаку, таа е позната по прекрасните модни изданија, но ни се чини дека ова можеби е едно од нејзините најдобри во кои сме ја виделе до сега.
Кога се појавила на црвениот тепих, делувало како да се движела некоја сирена.
Актерката носела спектакуларен фустан од Вивиен Вествуд, изработен по мера, потсетувајќи ги сите зошто таа е една од највосхитувачките ѕвезди на својата генерација.
Корсет-фустанот бил покриен со светки, а нежно розовата нијанса придонела за гламурот на стариот Холивуд да биде претставен на модерен начин.
Горниот дел од фустанот бил тесен, а корсетот и изрезите дополнително ја истакнале фигурата на актерката.
Долниот дел бил составен од макси здолниште кое исто така било со набори и нежно паѓало на подот.
Дијамантските обетки уште повеќе ја нагласиле нејзината прекрасна комбинација, а што се однесува до фризурата, Скарлет имала брановиден облик со патец од страната, како ѕвездите од филмовите од 40-тите години.
Шминката ѝ била суптилна и ја следела „атмосферата“ на целокупниот стајлинг.
Нагласени веѓи, розова нијанса на сенка за очи и нежно дефинирани усни, ја истакнале женственоста на Скарлет Јохансон на вистински начин и го заокружиле овој романтичен и атрактивен изглед на актерката.
Ви се допаѓа ли оваа модна комбинација на Скарлет Јохансон?