[ФОТО/ВИДЕО] БХ патеписецот Дацешин искрено за Иран: Никаде нема подобри луѓе, поубава земја, побогата историја и поголема неправда

Точка

18/06/2025

17:16

811

Големина на фонт

а а а

Босанскиот авантурист Роберт Дацешин се потсети на своето патување во Иран и објасни зошто се чувствувал безбедно во оваа земја, а неговата објава го привлече вниманието на многумина.

„Никаде нема подобри луѓе, поубава земји, побогата историја и поголемиа неправда... Ако прашате кој било патник во светот кој имал можност да посети неколку континенти која му е омилена земја, можам да кажам со 99 проценти сигурност дека сите ќе кажат Иран. Зошто? Затоа што луѓето се еден нов вид добрина што веројатно никогаш порано не сте ја почувствувале, храната е најдобрoто нешто што ќе го вкусите, а градовите се вистински музеи на отворено. Затоа што луѓето сè уште читаат поезија наместо да користат социјални мрежи и ги негуваат вистинските семејни вредности што многумина одамна ги заборавиле“, напиша тој.


Тој понатаму додаде дека Иран е една од земјите каде што досега се чувствувал најбезбедно и дека душата го боли секој пат кога ќе види статии во западните медиуми или некои блогери кои пишуваат за тоа колку е небезбеден и опасен Иран...

„Иран што јас го доживеав е побезбеден од повеќето европски и американски метрополи и не знам дали има место на планетата што има толку лоша репутација, а всушност е толку прекрасно“, истакна Дацешин.

Тој исто така објави дека тој и неговата агенција планирале да организираат тури и да им го покажат на патниците Иран во кој тој се заљубил, но дека тоа нема да се случи во скоро време.

„Се надевам само дека моите пријатели што ги имам таму, како и другите прекрасни Иранци што ги запознав низ целиот свет, ќе бидат добро и дека еден ден западниот свет конечно ќе разбере кои се вистинските негативци во денешно време. За време на мојот престој таму, го снимив и ова видео во кое ќе разберете зошто го кажувам сето ова“, заклучи тој.

Од друга страна многу следбеници го пофалија Дацешин поради неговата објава за Иран.


„Кога ова ќе го каже некој што патувал низ целиот свет, тогаш тоа има одредена тежина... Респект“, „И јас досега сум била во околу 90 земји, а можеби и повеќе и целосно се согласувам со Роберт. Никаде не сум се чувствувала поудобно и „подобредојдена“. Освен тоа, тие се исклучително културни и полни со почит кон жените. Ние жените шетавме низ градовите доцна навечер и ниту еден маж, ама буквално ниту еден маж, не се однесуваше ниту нѝ рече нешто некултурно. Им симнувам капа и се поклонувам до подот“, беа само дел од коментарите под објавата на Дацешин.