Извори: Трамп верува дека нема многу избор со Иран

Макфакс

19/06/2025

19:44

211

Големина на фонт

а а а

Американскиот претседател Доналд Трамп смета дека е неопходно да се онеспособи нуклеарниот погон Фордоу на Иран, објави „Си-би-ес Њуз“, повикувајќи се на повеќе извори.

Според овие извори, Трамп е свесен за ризиците и придобивките од евентуално бомбардирање на постројката и неговиот став е дека „нема многу избор“.

„Тој верува дека нема многу избор“, изјави еден извор за „Си-би-ес“. „Завршувањето на работата значи уништување на Фордоу“, додаде тој.

Како што претходно објавија американските медиуми, Трамп со денови ја разгледува евентуалната вмешаност на САД во ескалирачкиот конфликт. Во среда, тој им рече на новинарите дека сè уште не донел конечна одлука.

„Си-би-ес“ додава дека Трамп, според информациите од четврток наутро, сè уште разгледува опции и сè уште не донел цврста одлука.