Мари за соработката со Ѓоковиќ: Не сум сигурен дека уживав во искуството

Дерби

20/06/2025

12:58

376

Големина на фонт

а а а

Новак Ѓоковиќ и Енди Мари имаа кратка соработка, во која поранешниот шкотски тенисер ја презема улогата на тренер на грен-слем рекордерот, а истата заврши уште пред годинешниот Ролан Гарос.

Првично, Мари требаше да добие повеќе време како нов предводник на српскиот тенисер, но спогодбено ја раскинаа соработката, а Енди сега не е убеден дека требало да ја прифати поканата.

– Не можам да кажам дека уживав тренирајќи го Ѓоковиќ.

– Кога Новак ми се јави со предлогот, бев изненаден бидејќи не очекував такво нешто.

– Помислив дека тоа е единствена можност, па иако уживав дома, реков дека е добро да пробам и да видиме како ќе излезе. Сега не сум сигурен дека постапив добро и дека уживав, – рекол Мари.