Златан се пензионираше пред две години, а денес работи како советник во Милан – клубот во кој ја заврши својата играчка кариера.
Златан Ибрахимовиќ сподели видео на "Instagram" со кое се пофали дека и на 44-годишна возраст сè уште е во одлична физичка форма.
Легендарниот поранешен шведски репрезентативец сними како изведува „ножички“ во базен, притоа погодувајќи низ простор меѓу две дрвја кои му послужиле како импровизирани стативи. Во описот напиша само една реченица: „still“ – односно „сè уште“.
Ибрахимовиќ беше познат по своите акробатски и спектакуларни потези и удари за време на кариерата, вклучувајќи ги и неговите препознатливи „ножички“, кои очигледно сè уште може да ги изведува.
Златан се пензионираше пред две години, а денес работи како советник во Милан – клубот во кој ја заврши својата играчка кариера.