Една девојка ги насмеала интернет корисниците со својата необична постапка која ја снимила во текот на еден жежок, летен ден.
Додека температурите надвор се навистина високи, таа го оставила своето момче во автомобилот и отишла да пазарува.
Меѓутоа, она што го напишала на парчето хартија кое го залепила за прозорецот од автомобилот привлекло внимание кај минувачите, а набрзо потоа и кај милиони корисници на социјалните мрежи.
Such a good boy😂😂. pic.twitter.com/06oj8V6Lh5
— SonnyBoy🇺🇸 (@gotrice2024) June 24, 2025
Видеото предизвикало општ хаос
Девојката го снимала својот автомобил на сонцето, а пораката која била залепена на прозорецот ги насмеала сите:
„Тој е ОК. Има вода и слатки, а јас сум внатре и купувам. Верувајте ми, посреќен е тука, благодарам“.
Многумина „на прва“ помислиле дека станува збор за куче, но крајот од видеото им ги разјаснил работите, станува збор за нејзиното момче, згодно момче кое спиело во автомобилот и делувало целосно опуштено.
Коментарите на корисниците
Видеото за кратко време станало вирално, а коментарите само се нижеле:
„Ова е хит“, „Мислев дека станува збор за куче, а тоа човек во автомобилот“, „Има слатки и вода, подобро му е него отколку нас“.
За многу од мажите одењето на шопинг со партнерките е кошмар. Оваа девојка тоа го претворила во урнебесна ситуација која станала интернет хит во светот.