[ФОТО/ВИДЕО] По Лабубу играчките, се појави нов тренд во Бразил: „Reborn“ куклите што сопствениците ги хранат предизвикаа морална паника

Точка

26/06/2025

20:19

1.189

Големина на фонт

а а а

Во Бразил, во последните месеци, еден необичен феномен – хиперреалистични кукли познати како „Reborn“ (повторно родени) – привлекува сè поголемо внимание од јавноста, медиумите и законодавците.

Имено, овие кукли, кои изгледаат речиси идентично со вистински бебиња, станаа предмет на интензивна дебата и загриженост, откако многу жени почнале да се однесуваат кон нив како кон вистински деца – ги бањаат, ги хранат, ги успиваат, ги шетаат, па дури и ги носат во болници, а и им организираат и роденденски забави.


Феноменот предизвика низа реакции на социјалните мрежи, но и низа законски предлози – дури 30 законски предлози биле поднесени ширум Бразил кои предлагаат забрана за употреба на овие кукли во јавните институции, особено во здравството, и нивна употреба за добивање привилегии во редиците за добивање услуги.


Видеата од сопственици на овие кукли, на кои тие ги бањаат, ги ставаат во колички или ги заспиваат предизвикаа исмејување, но и агресивни реакции.

Контроверзноста кулминирала на 6 јуни кога еден маж физички нападнал четиримесечно бебе, мислејќи дека е кукла. Детето преживеало, а напаѓачот бил ослободен со кауција.


Експертите, како што е професорката Изабела Калил од Универзитетот „FESPSP“, предупредуваат на загрижувачки тренд: „Не можам да се сетам на ниту еден друг проблем што за толку краток временски период довел до толку многу законски предлози на различни нивоа на власта“.


Во меѓувреме, жените – кои го сочинуваат мнозинството колекционери, уметници и креатори на содржини – се соочуваат со закани и насилни коментари. Една од нив, Лариса Ведолин, на социјалните мрежи позната како Емили Риборн, рече дека секојдневно добива пораки полни со омраза.


„Едвај чекам да го земам пиштолот и да те најдам на улица“, гласи една од пораките упатени кон неа.

Така овие кукли предизвикаа огромна морална паника во земјата, а покрај тоа што беа причина за законски предлози и дискусии на социјалните мрежи, лажните бебиња дури се појавија и во една епизода од бразилска сапуница.