Од 1 јули нов „удар“ по џебот на туристите во Грција: Таксите за сместување и траект поскапи од кога и да е, што стои зад ваквата одлука?

Точка

27/06/2025

19:52

2.247

Големина на фонт

а а а

Грција од 1 јули воведува зголемени такси за туристите кои особено ќе ги погодат оние кои користат хотелско или приватно сместување, како и патниците на траектите.

Овие мерки се дел од новите законски решенија кои ги усвои грчката Влада, како што наведуваат, заради „ублажување на последиците од масовниот туризам врз природната средина и локалната инфраструктура“.

Такса за сместување – колку ќе плаќате?

Новата туристичка такса ќе се применува на сите облици на сместување – од луксузни хотели до „Airbnb“ апартмани. Во текот на високата сезона, цената по соба и апартман изнесува:

2 до 15 евра од вечер, во зависност од категоријата сместување.


Пониските цени важат за објектите со помал број ѕвездички, додека пак луксузните хотели и ексклузивни апартмани имаат највисока тарифа.

Патниците се советуваат пред резервацијата да проверат дали таксата е вклучена во цената или се плаќа посебно на местото.

Нови такси за патниците на траект

Особено ригорозни такси се воведени за популарните острови Санторини и Миконос каде се бележи хронично оптоварување заради големиот број на траекти.

Патниците кои пристигнуваат на тие острови ќе мора да платат 20 евра по лице.

За останатите пристаништа во Грција, надоместот изнесува 5 евра по лице.

Оваа такса се плаќа еднократно при пристигнување и важи за сите бродови со капацитет поголем од 49 патници.


Зошто се воведени овие мерки?

Грчките власти наведуваат дека целта на овие надомести е намалување на еколошкиот притисок, регулирање на масовниот туризам и собирање средства за одржување на локалната инфраструктура.

Според процените, Грција само од новите траектски такси годишно ќе има приход од милион евра.