Софија е влезена во многу опасен наратив, кој е спротивставен со стратешките интереси и на ЕУ и на НАТО, а кој одговара на трети страни кои сакаат нестабилност во регионот, истакна министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски на денешната прес-конференција на која даде отчет за стаботеното во изминатата година.
- Сакам да ја повикам Софија да се однесува рационално, да не биде заглавена во ретроградните наративи кои што за жал одредени кругови во таа држава ги граделе по однос на македонското прашање историски наназад. Ние не сме избрани од нашите граѓани и немаме легитимитет да ја судиме и анализираме, тоа е работа на историчарите и академиците. Ние сме избрани да носиме раст и развој. Она што го прави Софија во последниот период, оној експлицитен обид од кој стравуваме и со сите наши силе се спротивставуваме за редефинирање на нашиот идентитет е ретрограден, не му користи на регионот и на народите на двете земи, кои за жал поради таквиот однос се се повеќе оддалечени едни од други, рече Муцуснки.
Тој не смета дека во Македонија постои говор на омраза, и како што рече, доколку некој за таков ја смета нашата потреба од афирмација на македонскиот јазик и идентитет, тогаш проблемот е поголем и од она што ние мислиме дека го имаме како проблем.
- Никаде во официјални изјави на високи претставици на нашата држава, да го затворан кругот тројцата кои ја креираме и спроведуваме надворешната политика на државата – претседателката, претседателот на Владата и јас како министер, не сум видел ни една изјава со било каков говор на омраза, а детално ги следам сите, рече Муцунски.
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија вели дека кај огромно мнозинство земји во ЕУ има силно разбирање за длабоките фрустарации на македонскиот народ и македонската држава на нашиот евроинтегративен пат, како и свест и за тоа дека она што и случува на нашата држава не придонесува за легитимитетот на полтиката на проширување, која историски гледано знаела да биде најтрансформативната политика.
Нашата држава, додаде, како земја со статус кандидат, прави се што може да развие еден реален дискурс во рамките на сите европски институции за создавање свест за она што и се правело на оваа држава повќе од 30 години, но, како што нагласи, и свест за контекстот за тоа што и се прави сега во ова време во кое живееме со вистински турбуленции.
- Ние сакаме пат напред кон ЕУ. Да дискутираме за компромис, но сакаме да дискутираме и за предвидливост односно гаранции по хипотетичко согласување за некој компртомис. Затоа велиме имаме неколку многу јасни црвени линии од кои нема да отстапиме. Тие се поврзани со примарно со јазикот, со идентитетските обележја, тука вклучувајќи ја потребата од афирмација на нашето културолошко и историско минато, академска слобода за секоја дискусија по тоа шрашање, и секако да не дозволиме и да се игнорира фактичката состојба односно очигледните прекршувања кои нашиот сосед Бугарија ги прави во почитување на принципите кои произлегуваат од меѓународното јавно право, а за кои тие имаат обрска да ги имплементираат, истакна македонскиот шеф на дипломатијата.
Тука, рече, мисли на пресудите на ЕСЧП, бидејќи, смета не може да се игнорираат сите факти и реалноста која ја имаме.
- Не може наш сосед, бидејќи тој е сега земја членка на ЕУ, да го користи тоа како своја алатка за редефинирање на нашиот национален идентитет. Срамота е тоа да се прави во 21 век. Затоа повикуваме на рационалност и свест за одговорноста за која сите заедно ја имаме кон нашиот регион и нашиот континент, рече министерот.
Тој смета дека изгласувањето Извештајот за Македонија во АФЕТ е историски момент, но не и момент за триумф, како и дека не се знае каков ќе биде извештајот што ќе биде усвоен во Европскиот парламент.
- Тука треба да бидеме искрени, и затоа тоа го кажав претходно. Ние не сме земја членка на ЕУ. Како што не сме претставени во извршниот дел на ЕУ, тука мислам извршни надлежности помеѓу Советот и Комисијата, така и во законодавниот дел. Знаеме добро, немаме европратеници внатре. Но, истовремено факт е дека имаме комуникација со многу наши пријатели, пријатели на регионот, пријатели на Европа, бидејќи секој којшто сака успех на нашиот пат кон полноправно членство е на крајот на денот пријател на Европа. Тоа е процес којшто е значен за нас, и за самата ЕУ за затворање на тој вакум којшто постои од гледна точка на Западен Балкан. Ние со нашиот ангажман како Влада, премиерот, претседателката, јас како министер, и други наши колеги, ќе направиме се што можеме да упатиме на разум и свест во рамките на европските институции, истакна македонскиот министер за надворешни работи и надворешна трговија.
Не смета дека е мала работа што Комитетот за надворешни работи на ЕП, како што рече, веројатно една од најмоќните тела во рамки на ЕП, донел извештај со таква содржина.
- Не сметам дека е тоа мала работа, и не сакам да се потцени, но истовремено сите сте свесни дека посоти пленум на кој што треба да се дискутира за тоа. Наше е да продлжиме со нашите јасни ставови, за да никој, и во рамките на ЕУ нема дилеми околу нашите позиции. Да зборуваме за каква би била штетата доколку се дозволи ЕП да навлезе во процес на создавање на нов македонски идентитет, модерен македонски идентитет, и колку самиот тој чин не е соодветен за самата ЕУ, односно сето она позади зад што таа стои доколку и ги погледнете нејзините оснивачки договори, доколку ги погледнете дејствијата коишто таа постојано ги презема за почитување на различностите, за почитување на различните идентитетски обележја и културолошки разлики коишто ги има во рамките на ЕУ, рече Муцунски.
Затоа, нагласи и повикуваме, и посакуваме, и сакаме да веруваме дека ЕП ќе дејствува во рамките на оние европски вредности коишто се основната причина зошто големо мнозинство на граѓани на нашата држава сакаат ние да станеме земја членка на ЕУ.