Претседателот на Србија Александар Вучиќ очекува насилство на вечерашниот протест на студентите во Белград, објавуваат српските медиуми. По свеченоста на која доделуваше ордени за Видовден, претседателот Вучиќ кажа дека граѓаните не треба да се грижат за она што ќе се случува вечерва.
„Денес е убав ден, денес е голем ден, денес е празник, денес е Видовден. Ќе видите, ведро е, што е тоа мал број на луѓе на литературното попладне, или вечер, весели луѓе кои го слават празникот, кои го слават Видовден, весели луѓе бидејќи знаат дека Србија победила. А вечер ќе видите бесни луѓе, некои кои на крајот ќе завршат во насилство затоа што не си оставиле друг избор“, рече Вучиќ и додаде: “Немам страв за конечниот исход, Јас уште еднаш ја користам оваа прилика, ги молам како татко да не го прават тоа. Секогаш е подобро да се повлечете во некој момент отколку да направите некаква лудост поради која ќе се каете цел живот. Но, тука завршувам. Немам баш никаков страв за тоа каков е конечниот исход. Само сакам да ја сочувам целата ситуација, пред се младите луѓе и овие постари“, рече претсетдателот Вучиќ.
Зборувајќи за најавениот протест на студентите кажа и точно кога очекува да почне насилството.
„Од 15 до 9 до 15 до 10 очекувајте почеток на насилство“, рече претседателот Вучиќ.
Почетокот на протестот на студентите во Белград е најавен за вечерва во 18 часот. Ќе трае три часа, а студентите се оградија од сите настани што ќе се случуваат по 21 часот.