Можна причина за падот на „боингот“ во Индија - Саботажа!

Точка

30/06/2025

21:14

1.426

Големина на фонт

а а а

Саботажа се разгледува како една од можните причини за падот на авионот „Боинг 787“ на компанијата „Ер Индија“ во индиската сојузна држава Гуџарат, изјави индискиот државен министер за цивилно воздухопловство, Мурлидар Мохол.

„Бирото за истрага на авионски несреќи (AAIB) започна истрага. Случајот се испитува од сите агли, вклучително и можна саботажа. Се прегледуваат снимки од безбедносни камери, неколку агенции работат на случајот – изјави Мохол за индиската телевизија "NDTV".


Министерот додаде дека индиските власти нема да ја испратат црната кутија во ниту една друга земја.


Авионот „Боинг 787“ на „Ер Индија“, кој летал кон Лондон, се сруши на 12 јуни, неколку минути по полетувањето од аеродромот во западноиндискиот град Ахмедабад.


Индиските воздухопловни власти потврдија дека во авионот имало 242 лица. Само еден патник ја преживеал несреќата, пренесе агенцијата "Срна".

Авионот се срушил врз студентски дом, при што загинале десетици луѓе.